Се вжешти линијата 195 - граѓаните пријавуваат поплавени домови
Поголем број повици вечерва на линијата 195. Граѓаните во страв пријавуваат поплави во своите домови. Најголем број јавување се за поплавени подруми. Силниот дожд кој вечерва го зафати Скопје го парализираше сообраќајот во центарот на градот. Како што веќе објави Press24 сите подвозници се полни со вода и воопшто не се проодни, па полицијата мака мачи да го пренасочи сообраќајот по алтернативните сообраќајници.
Се пријавуваат и граѓани кои се зглавени во поплавените улици во своите автомобили.
25.05.2014 - 22:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа