Обрван го намали списокот на ракометари за мечот со Грција

 

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван денеска го објави спискот на играчи на кои ќе смета на подготовките за бараж дуелите со Грција.

Од претходно повиканите 28 ракометари отпаднаа: Дарко Димитриевски, Влатко Митков, Влатко Јовчевски, Владо Недановски, Дејан Пецаковски и голманот Стефан Кимевски.

На подготовките треба да се појават: Петар Ангелов, Борко Ристовски, Никола Митревски – голмани, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Златко Мојсоски – крила, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Ванчо Димовски – пикери, Наумче Мојсовски, Филип Лазаров, Ацо Јоновски, Велко Маркоски, Филип Миркуловски, Никола Стојчевски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Ренато Вугринец, Мартин Велковски, Мартин Манасков и Филип Талевски – бекови.

Собирот на репрезентацијата ќе биде на 28 мај во Скопје во 10 часот, а подготовките до 4 јуни ќе се одржуваат во Охрид.

Првиот бараж дуел со Грција, Македонија го игра на 7 јуни во Атина.

23.05.2014 - 18:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега