ФУСТАЛ: Железарец прераснува во професионален колектив

 
Во футсал шампионатот на Македонија нема промени на самиот врв и шеста година по ред екипата на Железарец ја освојува шампионската титула. По тој повод денеска беше организирана и прослва за екипата, спонзорите и пријателите на клубот.
- Железерец уште еднаш ја освои титулата и тоа на убедлив начин со 20 бодови предност. Во нашата лига ние немаме конкуренција и затоа нашите амбиции се добар пласман во европските купови. Можам да кажам дека Железарец прераснува во професионален клуб, со професионален тренер од странство и играчи под договор. Секако тоа очекуваме да ни донесе влез меѓу 16-те екипи во Европа. Во новата сезона екипата ќе биде засилена и со двајца играчи од странство (од регионов) – во изјава за Сител истакна сопственикот на клубот Васко Скендеровски.
 
Во двојна улога во клубот е Зоран Левески, кој покрај тоа што е тренер е и активен на теренот како играч.
- По освоената титула (6.та по ред) нашите амбиции се сега да се натпреваруваме конкурентно и во еврокуповите. Досега нашиот најдобар успех беше влез меѓу 28.те екипи, а сега целта ни е да се пласираме меѓу 16-те најдобри.
22.05.2014 - 15:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега