Приходите од дуелот Македонија-Португалија како помош за Србија и БиХ
Фудбалската федерација на Македонија, која денеска испрати донација во флаширана вода за поплавените региони во Србија, Хрватска и БиХ, донесе одлука да ги донира и приходите од натпреварот Македонија – Португалија.
ФФМ ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар на репрезентацијата до 21 година помеѓу Македонија и Португалија, кој се игра во рамките од квалификациите за Европското првенство, за погодените од катастрофалните поплави во Србија, БиХ и Хрватска.
Натпреварот ќе биде одигран на 23 мај на Националната арена „Филип Втори’’ во Скопје со почеток во 18 часот, а билетите по симболична цена од 50 денари веќе се пуштени во продажба, низ вообичаената продажна мрежа.
- Со секој купен билет им даваме поддршка на луѓето на кои оваа природна катастрофа од корен им го смени животот! Уште еднаш да покажеме дека сме хумани!, се наведува во информацијата објавена на веб страната на Фудбалската федерација на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа