Пике ја продолжи верноста со Барселона

 

Жерард Пике останува член на шпанскиот фудбалски гигант Барселона се до 2019 година.

Ова во краткото соопштение до јавноста е објавено на официјалната веб страна на ФК Барселона, каде нема детали околу финансиските услови за продолжувањето на соработката на Пике со Барселона во наредните пет сезони.

Откако мина три сезони во Манчестер Јунајтед и една во Сарагоса, Пике во 2008-година се врати на „Камп Ноу’’, а за Барселона а во изминатите шест сезони одигра 266 натпревар, постигна 20 голови и освои 16 трофеи.

20.05.2014 - 19:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега