Град Скопје испрати помош за БиХ
Градот Скопје денеска испрати помош за поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.
Испратени се две противпожарни возила од кои едното опремено со моќни пумпи за испумпување на вода, како и екипа од шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје кои ќе се вклучат во извлекување на настраданите.
Испраќањето на помошта е направено во координација со властите во БиХ, откако Градот Скопје понуди помош за полесно справување со последиците од поплавите.
20.05.2014 - 18:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа