ФОТО: И Тиери Анри се вклучи во поддршката за поплавените во Србија и БиХ

 

Легендарниот француски фудбалер е уште една од низата ѕвезди кои се јавија со поддршка за настраданите во поплавите во Србија и БиХ.

Фудбалерот на Њујорк Ред Бул испрати порака со поддршка за настраданите во најголемите поплави во последните 100 години во Србија и Босна и Херцеговина.

-Моите мисли се со оние кои патат од временските неприлики во Босна и Србија, напиша легендарниот француски фудбалер на својот Твитер.

Французинот исто така ја сподели пораката на Фондацијата Новак Ѓоковиќ која ги упатува сите заинтересирани како можат да им помогнат на луѓето од поплавените места.

19.05.2014 - 10:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега