Металург и Вардар повторно ќе се судрат - финале на ракометниот Куп на Македонија

 

Попладнево во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид, ќе се одигра финалето на 22. издание на Купот на Македонија во ракомет. Ова ќе биде уште еден дуел меѓу ривалите Металург и Вардар, вкупно седми во оваа сезона. Металург има три победи, Вардар две, а првиот натпревар сезонава заврши нерешено.

Металург и Вардар заедно на последните 11 години имаат по 5 победи во Купот на Македонија.

Најуспешна екипа во ова натпреварување е Вардар со 8 пехари, Металург и Пелистер имаат по 5, а по еднаш победници биле: Шевро Куманово, Борец Велес и Тутунски комбинат Прилеп.

Финалниот натпревар ќе започне во 17:45 часот, а ќе го судат битолските судии Димитар Митревски и Благој Тодоровски.

18.05.2014 - 11:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега