Старува завршницата во ракометрниот Куп на Македонија
Денеска и утре во Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одигра завршницата на ракометниот Куп на Македонија.
Од 15 часот во првото полуфинале ќе играат Металург и Зомимак, што претставува и реприза на ланското финале.
Во второто полуфинале кое почнува од 17:45 часот двојката ја сочинуваат Вардар и Пролет.
Победниците на двата натпревара во недела во терминот од 17:45 часот ќе го играат големото финале.
17.05.2014 - 11:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа