Меси со дресот на Барса до 2018 година
Најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси го продолжи договорот со својот тим Барселона, до 2018 година. Неговата плата ќе тежи седум милиони повеќе од досегашната, односно 20 милиони, а за евентуални бонуси можно е на контотот на фудбалерот да се прокнижат дополнителни 3 милиони евра. Откупната клаузула исто така останува иста и доколку некој клуб сака да го ангажира ќе мора да плати 250 милиони евра.
Најмногу проблеми двете страни имале околу користењето на фотографиите на Меси. Барселона сакала да има удел во добивката која тој ја заработува од спонзорите, но на крајот сепак пронашле заеднички јазик и по ова прашање.
И уште еден податок, Лионел Меси го прекинал спонзорството со компанијата „Туркиш Ерлајнс“ , иако таа компанија му понудила нов договор.
Официјалното потпишување на договорот ќе се случи во наредните неколку денови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа