Збогум Карелс Пујол
Дојде и тој тажен ден за навивачите на Барселона. Долгогодишниот капитен и еден од столбовите на одбраната на каталаноците од Ноу Камп, Карлес Пујол стави крај на на својот ангажман во Барселона. На прес конференцијата за збогум, Пујол со солзи во очите им се заблагодари на сите во клубот.
„Го живеев сонот на милиони деца. Имав привилегија 19 години да се будам и да го работам тоа што најмногу го сакам. Во Барселона пристигнав како дете, а заминувам како човек со големо семејство. Имам премалку време за да можам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од мојата кариера во Барселона. Но, накратко сакам да им се заблагодарам на сите претседатели, директори и сите вработени во клубот. На тренерите, соиграчите, навивачите. Сите вие многу ќе ми недостигате“, изјави Пујол
Во неговата кариера одигра 593 натпревари за Барселона и освои 21 трофеј. Иако нема донесено финална одлука, дали целосно ќе се повлече од професионалниот фудбал ,епилогот е извесен ако се има предвид дека тој подолго време влече една повреда на коленото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа