Смртен случај ја откажа прес конференцијата на Претседателот Иванов во Брисел

Прес-конференцијата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и на првиот човек на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, закажана за 18:15 часот по нивната средба во зградата „Жустус Липсиус“, пред малку беше откажана, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според официјалната информација од Советот, причината за откажувањето на средбата со новинарите е смртта на поранешниот прмеиер на Белгија, Жан-Лук Дехен, кој е од Христијанско-демократската партија чиј член е и Ван Ромпуј.

Откако заврши нивната 30-минутна средба, двајца претседатели се поздравија на излезот од зградата, а Иванов за неполн час најави изјава за медиумите во Мисијата на Република Македонија при Европската унија.

15.05.2014 - 19:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега