Македонски автобуси се возат во Дизниленд и Гугл

Автобуси под брендот “Made in Macedonia” се возат во Дизниленд во Калифорнија, Дизниворлд во Флорида, во кампусот на Гугл, како и на редовните автобуски линии во Чикаго и Детроит. Како што пренесува Економски.мк, Ван Хол во Македонија има силно присуство на американскиот пазар и ќе продолжи со извозот таму, а до крајот на годината ќе почне да извезува и во Европа.

- Она што е значајно е дека имаме брендирање на производи од Република Македонија кои што стануваат препознатливи на меѓународните пазари што покрај тоа што има знаајна економска функција, се разбира, има и значајност и за популаризација и промоција на самата земја, вели портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.

Фабриката претставува инвестиција од 25 милиони евра и моментно вработува 430 наши сограѓани која бројка се очекува во наредниот период да достигне 600. Фабриката веќе работи активно. Околу 100 автобуси произведени во неа се извезени во САД. Произведени се вкупно 140 автобуси, а во фаза на производство се 70, што значи дека веќе се работи на производство на 210-от автобус во Македонија.

15.05.2014 - 15:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега