ФОТО: Иванов се сретна со еврокомесарот Филе

Македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов, денеска во рамки на посетата на Берлин, оствари средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Претседателот Иванов истакна дека предолгото чекање за следниот исчекор во интегративниот процес, не помага во забрзувањето на реформите и надминувањето на забелешките од извештајот на Европската Комисија и дека статус кво состојбата создава фрустрации, додека еврокомесарот Филе, од своја страна истакна дека реформскиот процес мора да продолжи со фокус на надминување на забелешките на извештаите од Европската Комисија и ОДИХР. 

-Република Македонија, бара на престојниот самит да биде применет позитивниот пример на паралелно движење , во интеграцискиот процес и во надминувањето на билатералната разлика, порача претседателот Иванов.

15.05.2014 - 14:04
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега