Петар Гошев удри по Рамковски: Тој е бандит

23318 goshev

Во обидот да го оцрнат премиерот Никола Груевски, опозициските новинари го исплукаа поранешниот газда на А1 телевизија Велија Рамковски.

Интервјуто на поранешниот гувернер на Народната Банка на Република Македонија (НБРМ) Петар Гошев за онлајн магазинот „INBOX7“ вчера беше пренесено од голем број опозициски портали.

Одговарајќи на прашањето што се криеше зад притисокот кој газда Нини и Велија Рамковски го вршеле врз екс-гувернерот за време на затворањето на Макеоднската банка во 2007 година, Гошев во интервјуто го нарекува Велија Рамковски бандит.

-Кога се случи ова, двајцава бандити си го нашле интересот за освета кон гувернерот, тргнаа со некакви приказни, демек гувернерот купил земјиште од некакви приватни лица, вели Гошев во интервјуто за INBOX7, мислејќи на Јовица Стефановиќ и Велија Рамковски.

Проопозициските медиуми во обидот да го оцрнат премиерот Никола Груевски користејќи го интервјуто на Петар Гошев, го исплукаа поранешниот газда на А1 телевизија, пренесувајќи ги зборовите на екс-гувернерот, каде Велија Рамковски го нарекува бандит.

15.05.2014 - 12:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега