Ето на мечот против Македонија!
Пред почетокот на Мундијалот во Бразил, селекцијата на Камерун ќе одигра неколку контролки, меѓу кои и мечот со репрезентацијата на Македонија, дуел кој е закажан за 26 мај во Куфштајн Австрија.
Стратегот на камеринската фудбалска репрезентација Фолкер Финке ги објави имињата на 28 фудбалери на кои ќе смета за престојниот Мудијал кој ќе започне на 12 јуни во Бразил.
Меѓу нив се најде и името на напаѓачот на Челзи Самуел Ето, фудбалерот од средниот ред на Барселона, Александре Сонг, Стефан Мбија од Севиља и одбрамнебиот фудбалер на Тотенхем Асу-Екото.
На списокот на Финке се следните фудбалери: Ги-Ролан Асембе (Генган), Лоик Феџу (Котон Спорт), Шарл Итанџе (Коња), Сами Нџок (Фетије), Беноа Асу-Екото (Тотенхем), Анри Бедимо (Олимпик Лион), Гаетен Бонг (Олимпијакос), Аурелијен Шеџу (Галатасарај), Седрик Џеугу (Котон Спорт), Жан-Армел Кана Бијик (Рен), Николас Нкулу (Олимпик Марсеј), Дани Нункеу (Бешикташ), Алан Нијом (Гранада), Енох Ејонг (Анталија), Раул Седрик Лое (Осасуна), Жан Макун (Рен), Жоел Матип (Шалке), Стефан Мбија (Севиља), Бенјамин Муканџо (Нанси), Ландри Нгуемо (Бордо), Едгар Сали (Ланс), Александре Сонг (Барселона), Венсан Абубакар (Лоријан), Ерик-Максим Чупо Мотинг (Мајнц), Самјуел Ето (Челзи), Мохамаду Идрису (Кајсерслаутерн), Фабрис Олинга (Малага), Ашиле Вебо (Фенербахче).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа