Четворица повредени патници останаа во штипската Клиничка болница

Четворица повредени патници од страотната сообраќајна несреќа која се случи вчера наутро, кога се судрија автобус на Стумица експрес и воз, останаа  на Одделенијата за Ортопедија и Хирургија во штипската Клиничка болница. Во тек е истрагата на истражните органи за причините за несреќата во која имаше 32 лица повредени.

Директорот на Клиничка болница - Штип, Александар Стојановски информира дека во текот на вчерашниот ден дополнително четири пациенти од Ортопедија се транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје, со што денеска на Одделението за Ортопедија останале двајца пациенти.

-Станува збор за пациенти кои што се со повреди , односно компресивни фрактури на дел од пршлен, торакален  дванаесетка и лумбален први. Во консултација со професорите кои што ги видовте вчера и беа пристуни кај нас го разгледуваме нивниот постоперативен третман. Од хирургија пациентите кои што беа примени се воглавно пуштени дома, останаа уште двјаца. Сите се во стабилна здравствена состојба и контактабилни и свесни, вели Стојановски.

Во текот на денот од Јавното обвинителство во Штип најавија дека ќе излезат со првичните информации за спроведената истрага за тешката сообраќајна несреќа која се случи меѓу воз и автобус на железничкиот премин кај Овче поле.

14.05.2014 - 13:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега