ВРЕМЕ: Попладне услови за невреме

Среда ќе донесе облачно и врнежливо време. Уште наутро врнежите ќе започнат во западниот дел од земјата. Претпладне во тој дел од Македонија врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи. Бранот врнежи ќе се преместува кон исток, каде врнежите ќе бидат пообилни попладне, истотака локално проследени со грмежи, пишува специјалирианиот портал за временска прогноза МетеоПро
Во текот на денот ќе дува умерен, локално до засилен ветер. Максимална температура околу 18°С се очекува во поголемиот дел од населените места низ земјава. Југот на повардарието очекува максимални 22°С.

Во Скопје се очекува облачен и врнежлив ден. Околу средината на денот врнежите ќе бидат поинтензивни, проследени со грмежи. Дневниот максимум на температурата ќе достигне само 19°С.

14.05.2014 - 10:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега