Среќа ја спаси бремената жена, единствената патничка во автобусот која не е повредена во сообраќајката на патот Велес - Штип

Струмичанката Јасмина е најсреќната патничка од сите во автобусот кој вчера настрада во сообраќајната несреќа на железничката пруга Велес - Штип, кај селото Сарамзалино, пренесуава Дума.мк.

28- годишната  жена во шести месец на бременост не е повредена, а проблеми нема ниту со нејзиното неродено бебе. Јасмина се чувствува добро, стабилизирана е по стресот и сепак ќе остане на гинеколошкото одделение во болницата за да се следи нејзината здравствена состојба во наредните дваесет и четири часа.

- Јасмина не е витално загрозена, а не е загрозена ниту нејзината бременост. На ултразвучниот апарат снимките покажаа дека бебето е живо и нема знаци за одлепување на постелката. Се надевам дека таквата состојба ке продолжи и дека веќе утре бремената жена ќе ја пуштиме на домашно лекување,рече гинекологот д-р Атанас Василев. Тој е директор на велешката болница во која беа згрижени и им беше дадена неопходна лекарска помош на шеснаесет патници од струмичкиот автобус, настрадани во сообраќајната несреќа.

 

 

14.05.2014 - 09:34
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега