Запознајте го семејството Смилевски: Имаат 8 деца
Семејството Смилевски долго ќе ја памети Новата 2013 година кога го доби своето осмо дете. Бебето Филип бешее првородено дете во 2013 година.
Во сторијата на Утрински весник , се раскажува приказната за среќното семејство. Мајката ја пречекале како кралица.
-Речиси цел декември секој ден доаѓав на Клиниката за ЦТГ, за конечно да ме задржат попладнето на 31 декември. Како што наближуваше полноќ, останавме јас и уште една жена да се породиме околу 24 часот, но таа доби болки порано и ја породија со царски рез, па останав само јас. Гинекологот Игор Алуловски и екипата околу него почнаа да одбројуваат од десет до еден како на дочек на Нова година, по што го добив мојот најубав новогодишен подарок, раскажува за Утрински 41-годишната мајка Јасмина.
Освен на малиот Филип таа е мајка на Никола (15), по него го роди Раде (12), потоа Марко (9), Александар (6), Ивана (5), Елена (4) и Јане (3).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа