И Заев дозна дека 36 струмичани се повредени во несреќата пред Штип

Лидерот на СДСМ Зоран Заев дури утре ќе ги посети повредените во сообраќајната несреќакоја утрово се случи на патот Штип - Велес кога автобус се судри со воз. Иако во несреќата повредените беа најголем дел струмичани, Заев денеска не отиде да ги посети во болница.
Наместо тоа, од Бихаќка, дури доцна попладнево стигна соопштение дека општина Струмица и нејзиниот градоначлник Заев сочувствуваат со повредените. 

„Со големо внимание ја следиме состојбата по тешката сообраќајна несреќа што  се случи во утринските часови кај Сарамзалино, а во којашто се повредени 36-мина наши  сограѓани.Ја почитуваме потребата на лекарските тимови денеска да преземат се што е во нивна надлежност за укажување помош на повредените во сообраќајната несреќа и очекуваме дека тоа ќе биде сторено. Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев стојат на располагање на повредените и нивните семејства за секаков вид помош. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, утре ќе ги посети повредените сограѓани  хоспитализирани во болниците во Велес и Штип за да се информира лично за нивната здравствена состојба и нивните потреби.“ - стои во соопштението од општина Струмица испратено преку Центарот за комуникации на СДСМ.

Интересно е што повеќе од половина повредени веќе се пуштени на домашно лекување, а голем дел во своите домови ќе бидат испратени утре, за кога Заев најавува посети во болниците.
Наспроти ова, премиерот Груевски заедно су уште неколку минстри веднаш по несреќата ги посети повредените во болница

13.05.2014 - 22:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега