Адеми на состанок со своите колеги во Атина

Делегација предводена од министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска и утре ќе учествува на неформален состанок на министрите за животна средина на ЕУ што ќе се одржи во Атина, Грција.

На состанокот ќе бидат разменети мислења за подготовките за наредната министерска сесија која ќе се одржи во Бон на 5 и 6 јуни, како и за механизмот од Кјото. Ќе се дискутира и за европската политичка рамка за клима и енергија 2030. 

13.05.2014 - 09:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега