Каракамишева: Оние што не го почитуваат легитимитетот на претседателот го кршат Уставот!

Легитимитетот на претседателот на Република Македонија, исто како, и легитимитетот на пратениците, на градоначалниците, на советниците, се добива единствено и само на избори, и единствено и само од избирачите во Република Македонија, смета универзитетската професорка Татјана Каракамишева-Јовановска.

-Ниту една партија во системот не е ниту може да биде над избирачите, над граѓаните во РМ и над нивната на избори изразена волја за тоа кој ќе ги претставува и застапува нивните интереси во институциите на системот. Без разлика дали легитимитетот ќе се разгледува од дескриптивен, или од нормативен аспект, ако веќе се навлегува во неговата теоретска димензија, едно е неспорно, а тоа е дека легитимитетот на граѓаните, односно поддршката на граѓаните дадена за некој политичар е, пред се, морална обврска, а потоа и политичка обврска (облигација) за сите, а посебно за претставниците на политичките партии, која мора да ја почитуваат без никаква задршка. Недозволиво е, недемократски е и спротивно на Уставот на РМ е политичките партии со своите постапки да се наметнуваат над граѓаните и политички да креираат состојби спротивни на мнозински изразената изборна волја на граѓаните, смета Каракамишева-Јовановска.

Според неа, доколку не го почитувате суверенитетот на граѓаните и од нив дадениот легитимитет, тогаш го кршите Уставот на РМ.

12.05.2014 - 14:30
Фото: 
Дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега