Европратеничката Пак: СДСМ да прифати дека е партија во опозиција

Опозициските пратеници да ги прифатат освоените пратенички мандати, наместо да бојкотираат конструктивно во Собранието да покажат дека ја разбираат демократијата, вели европратеничката Дорис Пак за Канал 5

-Мислам дека тие треба да ги прифатат иборите и да работат како добра опозиција. На демократијата и треба опозиција и мнозинство, па се надевам дека ќе сфатат дека тоа не однесување на демократска партија. Ако изборите беа ок, односно дури и ако имаше помалку важни неправилности, а ОБСЕ рече дека беше ок, мислам ова е резултатот, а не тоа што некој го мисли ако партијата изгубила. Мислам дека тоа не е фер, вели Пак за Канал 5.

Таа додава дека сега не е време, ниту пак има потреба од нови избори. 

-Последниците… Многу работи, за кои ако е потребно огромно мнозинство во парламентот, нема да има можност да поминат. Од друга страна неприфатливо е во демократија, еден губи, друг победува и тоа мора да биде прифатено. Мислам дека нема потреба од други избори, има потреба да се сфати дека мора да се прифатат изборите и мора да се однесуваат од позиција на избрани. Односно опозицијата е опозиција, има и мнозинство, мора да ги научат демократските правила, вели пратеничката.

12.05.2014 - 14:09
Фото: 
Дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа