Еве колку биле активни во кревет македонските пратеници
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатаво претходниот мандат добиле 13 деца, додека во редовите на СДСМ дошле три принови.
Павле Саздов ја доби ќерката Ема, Стевче Трпковски синот Борјан, на Мики Додевски му се рои ќерката Илина, а Влатко Ѓорчев ги доби синовите Филип и Никола. Цена Матевска ја роди ќерката Анастасија, Ромео Тренев го доби третото дете Матеј, додека на Цуклев му се роди ќерката Марија. Александар Спасеновски го доби синот Ѓорѓи, а Косана Мазнева ќерката Милица.
Во редовите на СДСМ во изминатите 3 години во кои владееше претхондниот собраниски состав, две деца доби Гордан Георгиев, Васја и Ведран, а Маринела Тушева на свет го донесе синот Ведран.
Од истиот состав, своите принови се уште ги очекуваат, Александар Спасеновски, кој го чека второто дете, втора принова чека и Павле Саздов како и Малиша Станковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа