Овие симптоми ќе ви покажат дека стареете

 

Како што и кожата ја губи својата еластичност во текот на годините, така и непцата со време почнуваат да се повлекуваат. Како што се повлекуваат днепцата, така забите изгледаат поиздолжени. Непцата почнуваат да се собираат после навршените 40 години.

Првите бели влакна се еден од очигледните знаци дека старееме. Меѓутоа постојат уште некои работи кои се јасни показатели дека годините не стасуваат.

Гласот на мажот станува повисок, а гласот на жената опаѓа

Гласот на старите воглавно е со послаб интензитет, тоа е поради тоа што стареењето ги погодува и гласните жици. Така, гласот на мажот станува повисок, особено кога ќе наполни 70 години, а гласот на жената станува потивок.

Дебелеење

После 50. година и мажите и жените почнуваат да се дебелееат. Тоа се случува на само поради тоа што сме физички помалку активни, туку и порадит тоа што ги губиме мускулите што го успорува метаболизмот.

Почесто киваме

Луѓето во средни години се почесто добиваат алергии. Тие почесто се алергичи на полен и слични супстанци и предизвикуааат иритација на носот,  чешање и кивање. Постојат неколку теории зошто тоа се случува, а една од нив е причината дека со годините ни слабее имунолошкиот систем. Друга причина која би можела ова да го предизвика е загадување на воздухот поради тоа што има повеќе алергии на кои не сме отпорни.

Бемки

Доколку забележите кафени и темни флеки и испупчувања по телото, тоа не се бемки иако многумина така мислат. Тоа се всушност старечки брадавици. Неретко можат да почнат да чешаат и да се воспалат. Во секој случај, штом ги забележите јавете се кај лекар.

Ушите, носот и стапалата стануваат поголеми

За разлика од коските и мускулите, нашите уши, нос и стапалата растат дури и кога старееме. Ушите се направени од флексибилно врозовно ткиво, благодарејќи на што растат се додека не умреме. Стапалата се зголемуваат и шират со годините поради тоа што лигаментите кои ги поврзуваат со ситни коски, губат на еластичност.

Будење со главоболка

Ако после неколку часа спиење се разбудите со главобоки или иамте главоболки после кусото спиење, тоа значи дека стареете. Овој вид на главоболка е всушност тип на болка на темето и ги погодува оние кои имаат над 60 години.

Јасно видлив пулс

Кај постарите жени пулсот е јасно видлив на вратот. Жените поради остеопораозата и староста губат на висината, и со самото тоа им се намалува и вратот, поради што артериите се повидливи и поистакнати.

Насолзени очи

Постарите лица имаат насолзени очи, а неретко солзите им се сливаат низ лицето без никаква причина. Меѓутоа, со годините солзните канали престануваат да функционираат како што треба, па не ги сушат солзите. Поради тоа солзите се собираат во очите, односно очите стануваат насолзени.

Алергија од сапун, гребење во грлото и често станување во текоот на ноќта поради моркење, исто така се јасни знаци дека ве стигнува староста. 

12.05.2014 - 12:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега