Од среда температурен шок: Студено време и обилни врнежи

Македонија од среда ќе биде под влијание на влажна воздушна маса која на целиот Балкански Полуостров ќе донесе обилни врнежи од дожд.

Денеска врнежи од дожд ќе имаме само во мал дел од земјава, на повисоките места во крајниот запад и крајниот исток.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 26, Тетово и Гостивар 26, Маврово 19, Дебар 24, Куманово, Штип, Виница и Свети Николе 26, Берово 23, Струмица 27, Гевгелија и Демир Капија 29, Прилеп 26, Битола 27, Охрид 24...

Од среда не очекува повторно студено и врнежливо време, пад на температурите, а во четврток падот на температурите ќе биде и за десетина степени. 

12.05.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега