Семинар за политики за цврстиот отпад

Заменик - министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски и амбасадорот на Белгија, Аник Ван Калстер денеска ќе го отворат семинарот „Стратешки избор и имплементација на политики во областа на цврстиот отпад, загадување на почвата и водостопанство: примерот на регионот Валонија во Белгија“.

Семинарот го организира Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и валонската Агенција за инвестиции при Владата на Белгија како резултат на плодна билатерална соработка,  а со цел да се разменат искуствата со белгиските компании во управувањето со отпадот и водите.

Покрај размена на искуство на  ниво на државни институции, како што соопшти Министерството, семинарот ќе придонесе  и за подигнување на свеста кај другите чинители кои делуваат во овој сектор, како и кај претставниците од бизнис заедницата

12.05.2014 - 09:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега