Регионална обука против организиран криминал

Во организација на Амбасадата на САД во Скопје и програмата ИЦИТАП Македонија, американската амбасада во Хрватска и македонското Министерство за внатрешни работи, денеска во Центарот за обука во Идризово ќе започне четвртиот модул за регионална обука во рамките на програмата „Партнерство за едукација“ именувано како „Борба против организираниот криминал и трговија со дрога“. 

Најавени се обраќања на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

12.05.2014 - 09:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега