Скопскиот маратон го поремети сообраќајот - ѕирнете каде не се вози

 

Поради одржувањето на 10-от Виз Ер Скопски маратон 2014, денеска од 7:30 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај во Скопје, како и маршрутите на некои од градските автобуски линии.

Целосно затворени за сообраќај ќе бидат: улицата „Димитрије Чуповски“, булеварот „Илинден“, улиците „Франклин Рузвелт“, „Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски), „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „11 Октомври“, делот на булеварот „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициската станица „Пролет“, булеварот „3-та Македонска бригада“,  од семафорите кај Полициската станица „Пролет“ до крстосницата со улицата „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од булеварот „Јане Сандански“, од Тобако во насока кон Аеродром се до крстосницата со булеварот „Србија“.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од булеварот „Климент Охридски“ во насока од Матица до семафорите кај Владата, улицата „Љубљанска“ во насока  од булеварот „Илинденска“ до семафорите кај булевар „Партизански одреди“, улица „Московска“ во насока од булеварот „Партизански одреди“ до Студентскиот дом „Гоце Делчев“.
   
Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на некои од линиите на јавниот градски превоз.

Изменета траса ќе имаат:

- Линија број 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво се движи по своја траса, продолжува по улица „Св. Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ - Рамстор) – Клинички Центар.  
Во спротивна  насока: Клинички центар – улица „Јордан Мијалков“ (Железничка) –подвозник-булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) - Трговски центар – улица „Владимир Комаров“ – улица „Васко Карангелески“  -  Спортска сала МЗТ.

- Линија број 3Б: Од Кванташки пазар до Југодрво се движи по своја траса, продолжува по улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“  - Рамстор)  - Клинички центар.  
Во спротивна  насока: Клинички центар – улица „Јордан Мијалков“ (Железничка)  – подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) - Трговски центар – улица „Владимир Комаров“ – улица „Васко Карангелески“  - булевар „АСНОМ“ – Кванташки пазар.

- Линија број 4 и 4А: од Хром до Соборен храм, по булевар „Партизански одреди“, - мост Гоце Делчев, - булевар „Гоце Делчев“, - Судска палата,булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), подвозник, „Антон Попов“, улица „Димо Хаџи Димов“, булевар „Борис Трајковски“ и обратно.

- Линија број 5: Од Дексион – улица „Ѓорче Петров“, - булевар „Партизански одреди“, - булевар „Гоце Делчев“, - Судска палата, - Комплекс банки, - улица „Владимир Комаров“, - улица „Васко Карангелевски“, - Спортска сала МЗТ – булевар „АСНОМ“, Ново Лисиче, а во спротивна насока,  од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата  траса, Судска палата, - булевар „Гоце Делчев“, - булевар „Партизански одреди“,- улица  „Ѓорче Петров“ и Дексион.

- Линија број 7: од Карпош 3, улица „Карпошово Востание“ (ОУ. Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, булевар „Партизански одреди“, булевар „Гоце Делчев“, Судска палата, Комплекс банки, - улица „Владимир Комаров“, - улица „Коста Новаковиќ“, - булевар „3-та Македонска бригада“  и продолжува по својата траса, а во спротивна  насока по булевар „3-та Македонска бригада“, - улица „Коста Новаковиќ“, - улица „Владимир Комаров“, - булевар „Јане Сандански“,- Трговски центар, - Комплекс банки, - Судска Палата, - булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ до Карпош 3.

- Линија број 7Б: од Дом на Печат, - улица „Јордан Мијалков“ („Железничка“) –подвозник- булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), - улица „Владимир Комаров“, - улица „Коста Новаковиќ“, - булевар „ 3-та Македонска бригада“  и продолжува по својата траса. 
Во спротивна  насока по булевар „3-та Македонска бригада“, - улица „Коста Новаковиќ“, улица „Владимир Комаров“, - булевар „Јане Сандански“, - Трговски центар, - Комплекс банки, - Југодрво, по улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџи Василев Јасмин“  - Рамстор), -Дом на печат.

 - Линија број 8: Влае – булевар „Партизански одреди“, - мост.„Гоце Делчев“, -  бул.„Гоце Делчев“ – Битпазар и на своја траса, а исто и во спротивната  насока.

- Линија број 9: Клинички центар – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник-булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), - Битпазар и продолжува по својата траса, а во спротивната насока по непроменета траса.

- Линија број 15 и 15А: од Карпош 3 (почетна 7 и 59), улица „Карпошово востание“ (ОУ.„Лазо Трповски“), - поликлиника „Букурешт“, - булевар „Партизански одреди“, - булевар  „Гоце Делчев“, - Судска палата, - Комплекс банки, - улица „Владимир Комаров“, - улица „Васко Карангелевски“, - Спортска сала - МЗТ, булевар„ АСНОМ“, Ново Лисиче, а обратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, Судска палата, - булевар „Гоце Делчев“, - бул.„Партизански одреди“ до Карпош 3.

- Линија број 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

- Линија број 19:  Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), - улица „Карпошово востание“ (ОУ. Лазо Трповски), - поликлиника Букурешт и продолжува по своја траса, а во обратната насока по својата траса до Карпош  3.

- Линија број 21: Трговски центар, - Судска палата, - булевар „Гоце Делчев“, - булевар „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

- Линија број 22: Трговски центар, - Судска палата, - булевар „Гоце Делчев“, - булевар „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса, а во спротивна  насока по иста траса.

- Линија број 22А: Клинички центар – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), - Судска палата, - бул.„Гоце Делчев“, - булевар „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса, а во спротивна  насока по редовна нормална траса.

- Линија број  23: Дом на печат, - улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник –булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), - Комплекс банки, - булевар „К.Ј.Питу“, - улица „Никола Карев“, - улица „Владимир Комаров“, - улица „Васко Карангелевски“, - улица „717“, - Спортска сала МЗТ), - булевар АСНОМ и продолжува по трасата по булевар „Киро Глигоров“ (булевар „Војводина“).
Во обратна насока: по својата траса, булевар „Киро Глигоров“ (булевар „Војводина“), булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“ (Транспортен центар), - Народна банка, - булевар „Кочо Рацин“, булевар „Св. Кирил и Методиј“ (булевар „Мито Хаџи Василев Јасмин“ - Рамстор) до Дом на печат

- Линија број 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), - улица „Карпошово востание“ (ОУ. Лазо Трповски), - поликлиника Букурешт, булевар „Партизански одреди“, - булевар „Г. Делчев“, Судска палата, Југодрво и продолжува по своја траса. 
Во спротивна насока по истата траса до Карпош 3.

- Линија број 25 (Милениумски крст): Трговски центар, - Југодрво,  улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџи Василев Јасмин“ - Рамстор), булевар „Мајка Тереза “(Водњанска) и продолжува по својата траса, а во спротивната насока по улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник-булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), до Транспортен центар.

- Линија број  50: Клинички Центар – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“)  – подвозник –булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), - Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжува до Југодрво, улица.„Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџи Василев Јасмин“ - Рамстор)  и Клиничка болница.

- Линија број 57: Козле, улица  „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник-булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), - Битпазар и продолжува по својата траса, а во спротивната насока, од Битпазар продолжува до Југодрво, - улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџи Василев Јасмин“ - Рамстор)  и Козле.

- Линија број 59: почетна станица, - улица „Карпошово Востание“ (ОУ. „Лазо Трповски“), - поликлиника „Букурешт“, - булевар „Партизански одреди“, - булевар „Гоце Делчев“, -Битпазар, - Бутел – до К.Бара. 
Во спротивна насока по истата траса.

- Линија број 59А: Кисела Вода, - Југодрво, - Битпазар и продолжува по својата траса. Во спротивната насока,  по истата траса.

- Линија број 59Б: Ново Лисиче, - булевар „Јане Сандански“, - Комплекс банки,-  Судска палата, - Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, - Судска палата, - Комплекс банки, - Трговски центар, улица „Владимир Комаров“, - улица „Васко Карангелески“, булевар „АСНОМ“ и Ново Лисиче

- Линии 31,41, 51, 67 и 70: Трговски центар, - булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), - подвозник – улица „Антон Попов“, - улица „Димо Хаџи Димов“, улица „Борис Трајковски“ и продолжува по својата траса. 
Во спротивна  насока по истата траса.

- Линија број 58: Трговски центар, - булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), - подвозник, улица „Антон Попов„, - улица „Димо Хаџи Димов“ и продолжува по својата траса. Во спротивна  насока по истата траса.

Со непроменета траса остануваат градските линии 2, 2А, 12, 45 и 65В, како и приградски линии: 11, 18,  47, 52, 53, 54, 55, 56, 60, 61, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71 и 81.

11.05.2014 - 10:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега