Доделени 37 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ денеска додели 37 ваучери со еднократна парична помош за новороденчиња.

Честитајќи им на новите родители, Беличанец - Алексиќ истакна дека ваучерите во вредност од по 6.000 денари им се доделени на 19  машки и 18 женски бебиња.

 

- Семејството е главниот столб за опстанок на еден народ, за градење здраво и силно општество. Со досега доделените 463 ваучери, сметаме дека ние, како локална самоуправа, правиме чекор напред во надминувањето на глобалниот проблем, падот на наталитетот, кој и во Македонија е голем проблем, истакна Беличанец-Алексиќ.

Таа ги повика сите родители, кои ги исполнуваат условите, да ја достават потребната документација до општинските служби за и тие да можат да подигнат еднократна парична помош. 

10.05.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега