Повеќе од 6.000 учесници од 47 држави на Скопскиот маратон

 

Повеќе од шест илјади учесници од 47 држави ќе учествуваат на 10-от Виз Ер Скопски маратон 2014, што ќе се одржи в недела. Ќе бидат реализирани трката на пет илјади метри, која има хуманитарен карактер, полумаратонот и главната трка маратонот на 42.195 метри. Стартот на сите трки е во 9 часот на плоштадот „Македонија“.

Годинава промотор на маратонот е светскиот рекордер, Кениецот Вилсон Кипсанг.

За најмладите денеска е предвиден Colgate мини маратон, на кој ќе учествуваат повеќе од 600 деца од основните училишта. Децата ќе трчаат 600 метри со почеток во 11 часот, од Музејот на ВМРО, преку Камениот мост, а целта ќе биде на плоштадот „Македонија“. Во организацијата на мини маратонот ќе учествуваат деца со Даунов синдром, од Здружението „Трисомија 21“ предводени од клубот Ескрим, кои ќе добијат и донација-спортска опрема од Colgate. Кипсанг ќе им ги подели медалите на победниците во детскиот Colgate мини маратон.

Град Скопје го поддржува маратонот со 1,5 милиони денари, а на располагање се и сите јавни претпријатија.

За маратонската и полумаратонската трка ќе има парични награди, а за трката на 5.000 метри стокови награди. Првите три парични награди во маратонот во машка и женска конкуренција зависат од постигнатиот резултат. За рекордот на патеката на маратонот следува дополнителна награда од 300 евра. 

Поради маратонот утре ќе се поремети сообраќајот. Еве каде нема да се вози.

10.05.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа