Ни се погоди викендот - денеска ќе „пука" сонце

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, само во попладневните часови наместа ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до девет и со дневна до 24 степени.

Во недела ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Температурата ќе биде повисока и ќе се движи во интервал од 22 до 28 степени. Од вторник се очекува промена на временската состојба. 

10.05.2014 - 10:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега