Утре се конституира новиот парламентарен состав

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски потпиша Решение за свикување конститутивна седница на осмиот состав на Собранието на Република Македонија за утре, сабота (10 мај 2014 година) во 13:00 часот.

Според официјалните конечни резултати на ДИК од предвремените парламентрани избори одржани на 27 април, во идниот состав на Парламентот треба да седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.

Опозицијата предводена од СДСМ освои 34 мандати, но одлучи да ги врати и да не учествува во новиот собраниски состав.

09.05.2014 - 20:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега