Неколку добри причини зошто треба редовно да јадете јајца
Освен што секојдневно треба да не конзумирате нас, еве пет добри причини зошто јајцата треба редовно да се најдат на вашето дневно гурманско мени.
Убавина
Јајцата се богати со протеини и сулфур, кои заедно во комбинација ја чинат оштетената и исушената коса глатка и превентивно делуваат на создавањето на акни.
Раст
Холестеролот, масните киселини, витамините и минералите во јајцата се задолжени за здравиот раст и правилниот развој на човековото тело.
Концентрација
Јајцата се богати со лецитин, природна состојка која претставува најдобар извор на колин, битна компонента која го храни мозокот и ја поттикнува меморијата. Јајцата имаат позитивен ефект на концентрацијата и ни помагаат при тн. мултитаскинг во секојдневието.
Слабеење
Јајцата даваат чувство на ситост преку важните аминокиселини кои го содржат, со што го спречуваат таканаречениот јојо-ефект. Експертите тврдат дека луѓето кои конзумираат по едно јајце за доручек - јадат помалку во текот на денот.
Холестерол
Иако долго време се мислеше дека јајцата се опасни токму поради високото ниво на холестерол (околу 300 мг. - што е максималната дневно препорачана доза), испитувањата покажуваат дека 1-2 јајца дневно не го зголемуваат вкупното ниво на холестерол во организмот.
Интересни податоци поврзани со јајцата:
- Едно јајце има помеѓу 90 и 120 калории
- Свежите јајца тонат во вода, а расипаните пловат
- Рокот на траење на јајцата е 28 дена
- Вкусот на јајцата воопшто не зависи од бојата на нивната лушпа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа