Страшните последици од конзумирање на сувомесните производи

 

Со редовно консумирање ( неколку пати неделно), го доведувате организмот во ризик од развој на дебелина, дијабетес, срцеви болести и рак.

Сигурно веќе сте слушнале дека месните преработки не се добри за вас, но опасностите најдобро ќе ги разберете кога ќе дознаете колку се всушност нездрави. Месните преработки се однесуваат на сите месни намирници кои го поминале процесот на солење и хемиска обработка, со што им се продолжува рокот на траење.

Дебелеење 
Месните преработки се полни со соли, калории и маснотии. Премногу сол во телото доведува до задржување на вода и подуеност. Уште повеќе маснотии и соли ќе внесете во себе ако ги јадете во сендвич, со многу сирење и кашкавал, мајонез и слични додатоци.

Уште еден проблем со месните преработки и внесувањето многу соли и маснотии е тоа што ви го успоруваат системот за варење и ве прават мрзливи, па наместо да прошетате и да се занимавате со некоја активност, ќе посакате да отспиете.

Срцеви болести 
Замислете каков товар му задавате на телото кога ќе изедете виршла или некое преработено месо. Добивате три пати повеќе сол отколу кога ќе изедете сендвич со варено пилешко. Зошто премногу сол е опасно? Затоа што ги слабее вашите крвни садови, а тоа доведува до срцеви болести. Вашето тело не може да преработи толкави количини сол. Со задржување на водата поради насобирање сол, се зголемува протокот на крв, а колку е поголем протокот на крв, вашето срце ќе мора повеќе крв да праќа до артериите, и така може да ги оптовари.

Дијабетес 
Истражувањата покажале знаци на опасност во нитритите во месните преработки. Експертите за дијабетес велат дека нитритите го намалуваат излачувањето на инсулин и негативно влијаат на нивото на глукоза во крвта. Неодамнешно истражување на Харвард докажало дека само една порција месни преработки дневно (две кришки салама и една виршла), го зголемува ризикот од дијабетес за 29%.

Рак 
Шведските научници откриле дека меѓу оние кои јадат месни преработки е зголемен ризикот од рак на желудник. Долгогодишна студија спроведена на Хаваите покажала дека оние кои најмногу јаделе месни преработки имале 67% поголем ризик од рак на панкреасот, во однос на оние кои ретко или никогаш не јаделе таква храна.

Општ совет од експертите е месните преработки да не ги јадете повеќе од еднаш неделно.

Извор: Попра

09.05.2014 - 16:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега