СДСМ тоне сè подлабоко непочитувајќи ништо и никого

Најголемата опозициска партија СДСМ, во сопствената омраза гнев кон сите тоне во кал се’ подлабоко, демонстрирајќи еден испревртен систем на вредности и непочитувајќи ништо и никого.

СДСМ, која упорно напаѓаше за непочитување на придобивките од антифашистичката борба, денеска на споменикот на партизаните пред Владата беше единствена партија која не испрати делегација да положи свежо цвеќе.

Исто така, социјалдемократите не испратија делегации да положат свежо цвеќе ниту пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Питу Гули и АСНОМ. За разлика од СДСМ, државните институции, претседателот на Републиката и Владата, невладините организации организираат поголем број манифестации по повод одбележувањето на овој голем настан.

За разлика од СДСМ, меѓу тие кои положија цвеќе пред споменикот на партизаните беше лично и премиерот Никола Груевски со висока владина делегација меѓу кои Владимир Пешевски, Никола Попоски, Иво Ивановски, Даниела Рангелова, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски и други претставници од Владата.

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска по свеченото дефиле на единиците на АРМ по повод 9 Денот на победата над фашизмо истакна дека во годината кога ја славиме 70-годишнината од Првото заседание на АСНОМ се сеќаваме и на големиот придонес на нашиот народ во победата над фашизмот, момент што придонесе за траен мир.

 

СДСМ не се појави на прославата во во која се приклучија сите субјекти и целиот дипломатски кор во земјата, амбасадорите на САД, Русија, Украина. Исто така, големиот ден беше одбележан и од страна на Сојузот на борци, бројни партии и Градот Скопје.

09.05.2014 - 13:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега