Ставрески денеска со набиена агенда

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, денеска ќе присуствува на неколку настани кои ќе се одржат во Пробиштип, во село Добрево и во Кратово.

Во Пробиштип вицепремиерот Ставрески ќе присуствува на означување на почеток на градежни активности за реконструкција на улицата „Јоаким Стојковски“, проект финансиран од МСИП.

Во пробиштипското село Добрево, Ставрески ќе биде присутен на пуштањето во употреба на асфалтирани улици, проект финансиран од ИПАРД.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, ќе го посети и свлечиштето во Кратово, при што ќе изврши проверка на текот на активностите кои се преземаат за санација на патот, заедно со директорот на ЈПДП, Љупчо Георгиевски. 

09.05.2014 - 09:12
Фото: 
Влада
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега