Попоски: Меѓународното право се крши пред силата

Македонсата порака денеска  во Солун беше многу јасна, а тоа е дека исто како што ги имаме прифатено сите барања и очекувања за исполнување на критериумите, исто толку сериозно очекуваме и да биде задржан процесот на проширување од  страна на ЕУ.

Ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски кој денеска во Солун учествуваше на министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан, кој воглавно беше посветен на 11. годишнината од Солунската агенда.

Тој упати и признание и до Европската комисија која и покрај сериозен политички притисок опстои пет години во нејзината објективна оценка дека Република Македонија ги има исполнето сите критериуми за почеток на преговорите.

Во однос на почитување на меѓународното право, министерот Попоски рече и денеска тоа прашање било многу актуелизирано.

- Тоа што го констатиравме е дека во процесот на носење одлуки во однос на почеток на преговори во минатото сме виделе дека не еднаш почитувањето на меѓународното право било ставено во сенка на позицијата на сила. Она што го наметнува оној кој е внатре во клубот не секогаш е на линија на почитување на меѓународното право и тоа е една аномалија која, во интерес на сите, би требало да биде исправена во следниот период, изјави Попоски

 

Токму во Солун беа поставени темелите, беше испратена силна порака до земјите од Западен Балкан дека нивната иднина е во Европската унија. Во меѓувреме, Македонија исполни 10 години од Спогодбата за асоцијација и стабилизација, веќе шест години ги исполни сите критериуми за отпочнување на преговорите. Според Попоски, нема порелевантно место и нема порелевантна тема од тоа да се адресира кредибилитетот на процесот од аспект на тоа кои се очекувањата за оној што треба да се приклучи и од аспект на тоа кои се испорачаните ветувања од земјитеч ленки и особено од домаќинот – грчкото претседателство со Европската унија.

08.05.2014 - 20:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега