Забрана за движење на товарни моторни возила- еве на кои патни правци

На патниот правец Кратово - Пробиштип, на околу 100 метри за излез од Кратово, има забрана за товарни моторни возила и автобуси, додека сообраќајот за патнички моторни возила се одвива наизменично.

 

Како што информира АМСМ, на патниот правец Радовиш - Конче (Р-2433), на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента. За таа цел поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

 

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Поради извршување градежни работи за реконструкција и санација на мост на реката Брегалница, кај селото Долни Балван, општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван - село Таринци од 14 јануари до завршување на реконструкцијата на мостот.

Од 1 април годинава воведени се нови термини за насоката на движење на патниот правец кој го поврзува Скопје со Македонски брод низ НП Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 6:30 до 9 и од 16 до 18 часот, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 5 до 6 и од 18:30 до 20 часот.

 

Патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. Од АМСМ потсетуваат дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.

08.05.2014 - 19:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега