СДСМ упати честитка за 24 мај

 Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, денеска, по повод 24 мај-Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ упати честитка до граѓаните во која се вели:

 „Дозволете ми, во мое лично име и од името на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, да упатам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех во промоцијата на посебноста на македонскиот народ и неговата традиција и култура.

 Епохалното дело на словенските просветители претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските традиционални и културни особености.

 Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи е само дел од придобивките со кои нè задолжија сесловенските браќа Кирил и Методиј. Нивната благородна мисија денес обединува многу народи, кои преку писменоста како едно од основните обележја, вложуваат во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција.

 Нека ни е честит денот на сесловенските просветители.“

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега