Кој го купи цел спрат на врвот на кулите на Џевахир во Скопје?

 

Еден купувач ги купил сите станови на највисокиот кат во едната од двете кули на „Џевахир скај сити“, кои се во поодмината фаза на градба, откри раководството на турската компанија, која ги гради највисоките облакодери во Македонија. Името на купувачот засега не се открива, но тој ги купил сите луксузни апартмани на последниот, 42. кат во едната зграда. Од компанијата денеска информираа дека досега е договорена продажба на 60-ина стана во облакодерите.

Третата кула како и првите две ќе биде висока 130 метри и уште 32 метри под земјата од кои 8 метри се подземни гаражи а 24 метри се темелните столбови. Има вкупно 716 столбови и секој е широк по еден метар.

Со стриктно придружување до сите безбедносни и сигурносни стандарди, третата кула од Џевахир Скај Сити станбениот комплекс ќе се гради по еден кат на седум дена. Самото градење трае пет дена, но заради придржување кон безбедносните параметри за следење на процесот, дадени се дополнителни два дена.

„Џевахир Скај Сити комплексот ќе понуди концепт на модерен и живот без ограничувања со сите неопходности што ги има едно семејство, млади брачни парови или самци. Покрај удобноста загарантирана е и безбедноста. При градењето на Џевахир Скај Сити комплексот ги користиме најдобрите материјали и технологии. Обемната инвестиција под земја е доказ за градежниот квалитет на Џеваир Скај Сити како и важноста што ја придаваме на безбедноста и добросостојбата“,изјави Есер Џевахир, член на Управниот одбор на Џевахир Холдинг

Со 344 станови на 40 ката, достапни во различни квадратури, луксузни апартмани како и можност за конструирање на распоред на апартманот по нарачка, највисоките кули во Македонија, претставуваат уникатен и модерен станбен комплекс со единствен концепт на стилско живеење.

Овој затворен комплекс покрај станбениот дел во себе ќе понуди и дополнителни содржини достапни за станарите во секое време. Дополнителните поволности и неопходности вклучуваат трговски центар, фитнес сали, 3 покриени базени, турски бањи, сауни, детски игралишта, сквош и пинг понг игралишта, сопствен паркинг простор на 5 ката, салони.

Првите две кули ќе бидат подготвени за вселување на првите станари веќе кон крајот на 2015 година, а комплетното завршување на целосниот Џеваир Скај Сити комплекс се очекува да биде во 2017 година, се вели во соопштението од компанијата.

 

 

08.05.2014 - 14:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега