13 сообраќајки за 24 часа - се пролеа крв на скопските улици

 

Во последните 24 часа, на подрачјето на Град Скопје се случиле 13 сообраќајни несреќи. Осум од нив се со последица материјална штета, а четири се со последица телесна повреда. Повреди заработиле двајца возачи на патнички моторни возила и двајца велосипедисти.

Се случила и една тешка несреќа, во 7:50 часот на улицата „Христо Татарчев“. Во несреќата учествувал автомобил со непознати регистарски таблички и 67 годишен пешак од Скопје.  Пешакот заработил тешки повреди. 

Во Скопје вчера се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција вчера открила и санкционирала шест возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола, седум возачи кои не го користеле безбедносниот појас, 10 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата и двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол. Во поглед на исправноста на уредите и опремата на возилата откриени се 14 неисправни возила.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 44 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива. 

07.05.2014 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа