Еве на кои патни правци има забрана за товарни возила
На патниот правец Кратово - Пробиштип, на околу 100 метри за излез од Кратово, е воведена забрана за товарни моторни возила и автобуси, а за патнички моторни возила сообраќајот се одвива наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Забраната е воведена поради оштетеност на една коловозна лента, како последица од обилните врнежи.
АМСМ информира дека забрана за движење на тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Радовиш - Конче (Р-2433), на кој на 11-тиот километар има свлечиште. Сообраќајот таму се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, наместа по влажни коловози.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа