Инспекторите на Жерновски ќе ги „чешлаат“ кафулињаа во Центар
Инспектори на Општина Центар од денеска ќе започнат со проверка на одобренијата на кафулињата на улица Македонија" за поставената урбана опрема. Оваа акција, како што велат од Општината, е поради поплаките на граѓаните, кои се пожалиле дека не е возможно нормално движење по улицата.
- Општина Центар го повикува градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, да постапи по барањата од кафулињата сместени на улица Македонија" за поставување урбана опрема на јавна површина. Рокот за изјаснување беше до 26.4.2014 год. Се за што нема одобрение од Град Скопје ќе биде отстрането - велат од Центар.
Од Град Скопје посочуваат дека во континуитет работат на сите аспекти кои произлегуваат од сите законски надлежности во процесот на издавање одобренија за поставување урбана опрема.
-Во јануари и во февруари годинава на седници на Координативното тело на градоначалници на Скопје, на кои не присуствуваше градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, туку секретарот на Општина Центар, беше потсетено дека општините во чија надлежност е градежната инспекција треба да го контролираат поставувањето на урбаната опрема - велат од Градот.
Оттогаш, Градот Скопје и општините одржаа уште неколку состаноци за процесот за поставување на урбаната опрема, но на истите, иако поканети, не присуствувал претставник од Општина Центар.
Во врска со поставената урбана опрема на улица Македонија" досега вкупно 19 локали имаат поднесено барања за поставување урбана опрема - тераси, каде што две одобренија веќе се издадени, земени се 12 пресметки, три пресметки се платени, а за две се вршат корекции на елаборатот. Решенијата за поставување урбана опрема ќе им бидат издадени по плаќањето на пресметките, а крајниот рок за земените пресметки е 6.5.2014, посочуваат од Градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа