Членовите на ДИК од СДСМ покажаа непочитување кон институцијата претседател

Државната изборна комисија денеска му го врачи уверението на старо – новиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов за нов мандат на претседателската функција. Уверението со кое претседателот Иванов се стекна со право на втор мандат беше врачено без ниту еден приговор и без ниту една забелешка, но иако претходно беше предвидено уверението на Иванов да му го врачи претседателот на ДИК, Никола Рилковски сепак тоа не се случи и наместо него уверението за втор мандат му го додели членот на комисијата, Бедредин Ибраими.

Мандатот на новоизбраниот претседател покрај Ибраими, му го честитаа и членовите на ДИК Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска, додека на денешното свечено врачување на уверението не се појави ниту претседателот на ДИК ниту пак членот на комисијата од редовите на СДСМ, со што претседателот на ДИК покажа непочитување кон институцијата претседател.

Доколку опозицијата не го признава изборниот процес останува нејасно зошто СДСМ не поднесе ниту еден приговор и зошто Рилкоски се потпиша на уверението за избран претседател. 

02.05.2014 - 16:13
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега