Македонците од Албанија му ја честитаа победата на претседателот Иванов

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана од името на македонското национално малцинство во Албанија упати честитки до Ѓорге Иванов за неговата победа на претседателските избори.

- Македонско друштво „Илинден”- Тирана безрезервно ја поддржа вашата иницијатива за кандидирање. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните пет години. Знаете дека во вашето справување со современите предизвици на македонската држава имате огромна поддршка од Македонците во Република Албанија, затоа што напредокот и благодетта на македонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците каде и да живеат, се наведува во честитката.

02.05.2014 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега