Зголемено нивото на водата во браната Глажња

Според последните мерења на Водостопанство „Кумановско –Липковско поле“, во браната Глажња има околу 13,4 милиони кубни метри вода.

Во последните недели нивото на водата зголемено е за околу 5,6 милиони кубни метри. Дневно, во браната, последниве денови се акумулираат од 300 до 400 илјади метри кубни вода.

- Оваа количина е доволна за да ги задоволи потребите за вода, на граѓаните и индустријата. Доколку продолжи поволната хидролошка состојба ќе има вода и за наводнување за земјоделците, вели директорот на Водостопанство „Кумановско –Липковско поле“, Филип Филиповски.

Од претпријатието информираат дека во меѓувреме превземни се сите мерки кои ги одобрил одборот на водокорисници,по оддржаната вонредна седница .

- Мерките опфаќаа строго конторлирање и евиденција за количините на водата. Воведовме 24 часовна контрола на точките каде се испушта водата и можам да кажам дека мерките успешно придонесоа за зголемување на количината на водата во браните, вели Филиповски.

Вкупниот капацитет на двете акумулации Липково и Глажња е 24 милиони кубни метри вода. Лани во двете акумулации имаше околу 21 милион кубни метри вода.

02.05.2014 - 15:08
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега