Кумановчани внимавајте каде паркирате: Повторно ќе почне со работа пајак службата

Од понеделник, по пауза од пет месеци, во Куманово повторно ќе започне со работа пајак службата.

Директорот на јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“ Фадиљ Шабани, информира дека се завршени сите процедури, вклучувајќи ја и одлуката на Советот на општина Куманово, со која оваа претпријатие ја презеде под своја надлежност пајак службата од ЈП„Чистота и Зеленило“.

- Цените остануваат исти. За подигање и носење на возилата до депото на пајак службата ќе чини 2.000, а казните на лице место ќе чинат 1.000 денари. Истата цена останува и за блокаторите 1.000 денари, рече Шабани.

Вработените од ЈП „Куманово паркинг“ се обучуваа ,за да може непречено да се одвива функционирањето на пајак службата.

- Во овој период остануваме да работиме со старото возило кое е преземено од „Чистота и Зеленило“,но се надеваме, дека наскоро ќе бидеме во можност да ангажираме уште едно, дополнително возило, кое ќе биде вклучено во пајак службата, вели Шабани.

Надлежните од претпријатието информираат дека депото на службата се наоѓа на влез од населбата „Карпош“.Цената за користењето на паркинг место, дополнуваат од претпријатието, останува иста како и во претходниот период, 30 денари плус ДДВ за два часа во првата зона. Попуст има за правни и физички лица кои користат месечна или повеќе месечна паркинг карта.

- Оние кои плаќаат за шест месец и имаат 10 проценти попуст,а оние кои плаќаат авансно на годишно ниво,попустот е 20 проценти, вели Шабани. Пајак службата во Куманово започна да функционира од јануари 2011 година.

02.05.2014 - 14:53
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега