Тендер за реконструкција на првиот блок на студентскиот „Гоце Делчев“

Министерството за образование и наука пред три дена објави тендер за реконструкција на еден од блоковите на Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во фази, а заклучно со 2016 година, во план е да бидат темелно реконструирани сите четири блока.

- Во првата фаза е реконструкција која, врз основа на проценетата вредност, се планира да изнесува над 70 милиони денари. Тендерот ќе оди фазно. Во наредните две години се очекува да бидат комплетно санирани, односно реконструирани сите четири блока на домот „Гоце Делчев“, изјави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Од 2 до 10 јуни, пак, во основните и средните училишта ќе се спроведе второто екстерно тестирање на македонските ученици, освен на матурантите кои поради обврски со државната матура, екстерното тестирање го завршија за време на зимскиот распуст.

Ристовски рече дека наскоро на прес-конференција ќе ги соопшти деталите за претстојното екстерно тестирање.

- Во завршна фаза се сите подготовки. Екстерното ќе се спроведе врз основа на стандардите и процедурите по кои беше спроведено за матурантите, повторно со јавен базен и за сите останати генерации. Тие ќе ги имаат на увид прашањата, ќе има доволен период за коментари, доколку има извесни забелешки за некои прашања, додаде Ристовски по посетата на Институтот „Конфуциј“. 

02.05.2014 - 14:04
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега